← Назад кон вести

August 31, 2026

УПИС НА МИНИБАСКЕТ

УПИС НА МИНИБАСКЕТ

Ако сакаш преку забава и игра со врсниците да ги научиш основите на кошаркарската игра, те чекаме на упис во новата сезона!

Кога и каде?

Уписот ќе се врши за време на тренинзите во спортската сала во ООУ „Васил Главинов“ - секој вторник и четврток од 20:00 - 21:00ч. Групите ќе се формираат и комплетираат во текот на месец септемврти.

Нови термини

СУПЕР информација за сите Вас, особено за сите деца на кои салата им е подалеку - наскоро започнуваме со тренинзи и во СОУ Гимназија „Кочо Рацин“ !

Зошто Вашето дете да тренира минибаскет?

Нашите тренинзи по кошарка за деца од 5-12 години се одвиваат по специјална минибаскет програма, каде што децата преку игра, дружба и тимска работа но и со индивидуален фокус на секое дете се стекнуваат со многу значајни вештини. Покрај основите на кошаркарската игра, се работи на правилен физички развој, држење на телото, координација и моторички развој. Со тоа следува и психомоторен развој (тимски дух, дисциплина, фер плеј...)

Охрабрете се да дојдете на пробен тренинг, истиот е бесплатен!

Кои се тренери?

Нашите тренери се долгодишни спортски работници, поранешни кошаркари, педагози...

Васко Бојчев
Александар Табаков
Ангел Љутков
Сашко Ристов

Контакт и инфо

Тренер Васе - 072/306-635
Тренер Аце - 076/213-975
Тренер Ане - 078/245-559

Заследи не!

Facebook - https://www.facebook.com/borecbasketball

Instagram - https://www.instagram.com/borecbasketball/

Сподели