September 29, 2026
СТАРТ на маратонот за Борец Баскет

Tренинзите на дечките одамна се во полн ек, екипиран е и сениорскиот тим. Претходните неколку недели игравме пријателски натпревари, викендов започнуваме со официјалните „трки".
БОРЕЦ ПРВА ЛИГА ✊🏀
КК Борец Баскет повторно ќе претставник на Велес во Прва Лига Мажи во сезоната 2026/27.
Ждрепката одреди да бидеме дел од групата А, во второто по ранг натпреварување. Ќе се сретнеме со екипите на Ангели, Феникс 2010, ИБА Скопје, Црн Дрим, Младинец, Мега Баскет и Водно Санс. Двете групи подоцна ќе вкрстат во ТОП 8 фаза.
Ростерот ќе биде значително подмладен, но очекуваме велешката публика да го препознае тоа и да има трпение и доверба во нашите кошаркари и стручен штаб. Пред нас имаме „маратон" во кој важен е крајниот исход, не почетниот спринт. 🏃💨
Во пресрет на сезоната не затекнаа значајни логистички проблеми со тоа што салата Гемиџии нема да ни биде достапна за одигрување натпревари поради реновирање. Домашните натпревари на почетокот на сезоната ќе мораме да ги играме во друга сала за што дополнително ќе ве известиме.
5 МЛАДИНСКИ ЕКИПИ
КК Борец Баскет со рекордни 5 генерации ќе го претставува Велес во младинските натпреварувања при @mkd.basketball во сезоната 2026/27.
Подгответе се за прв пат да ги поддржувате нашите идни ѕвезди во категоријата до 20 години! ⏳
Стандардно, ќе се натпреваруваме и во М-18, М-16, М-14 и најмладите но и најуспешни претходните години дечките од М-12. 🍀