← Назад кон вести

September 30, 2026

ДОНИРАЈ: Кампања за иднината на велешката кошарка

ДОНИРАЈ: Кампања за иднината на велешката кошарка

Драги фанови, пријатели на Борец, поддржувачи на кошарката и спортот во Велес и Македонија,

Веќе повеќе од 17 години, од 2009 година, КК Борец Баскет е фамилија за генерации деца од Велес. Тука тие научија што значи да бидеш дел од тим, да паднеш и повторно да станеш, да победуваш со гордост и да губиш со достоинство. Многумина од вас растеле со нас, навивале за нас или ги воделе своите деца на нашите тренинзи.

Денес, повеќе од кога било, Вие сте ни потребни.

whydonate.com/support-borec-basketball-our-future-our-team

Оваа сезона нашите млади екипи, од У-12 до У-20, секој викенд патуваат на натпревари, а пред нас се повеќе од 80 натпревари. Тие се и дел од сениорскиот тим на Борец. Клубот го водат ентузијасти, луѓе што ја сакаат оваа игра и ѝ го даваат своето време и срце, без генерален спонзор зад себе. Но, љубовта кон кошарката не може сама да ги покрие патувањата, опремата и сите трошоци што ги носи една сезона.

Затоа ја почнавме оваа кампања за донации. Средствата пред сè ќе бидат наменети за патување и одржување на натпревари, како и за:

  • Квалитетни тренинзи и развој на младите
  • Кошаркарска опрема и соодветни услови во салата
  • Турнири и други неопходни клупски трошоци

За едно дете да облече дрес на Борец и да излезе на теренот значи многу повеќе од игра. Тоа значи пријателства, самодоверба и спомени за цел живот. Со вашата помош, можеме да им ја дадеме таа шанса.

Без разлика дали ќе донирате малку или многу, или едноставно ќе ја споделите кампањата со вашите блиски, станувате дел од патот на нашите играчи.

👉 Линкот до кампањата:

whydonate.com/support-borec-basketball-our-future-our-team

Ви благодариме што сте со нас. Заедно ја градиме иднината на нашиот клуб. 🏀❤️

Сподели