April 19, 2026
1-0 за Струмица во полуфиналето!

Го загубивме првиот меч во полуфиналната серија.
Имавме почетна предност но брзо влеговме во контра ритам. Пред сѐ поради проблемите со лични грешки - Сапроновски, Штерјов и Петровски имаа 3 лични во првото полувреме, негативата гласеше 38:27.
Слично продолживме во 2 полувреме, Зион Јанг со 5та лична и Трпевски после техничка го завршија натпреварот во 3/4. Домаќините поведоа со 56:40. Со целосно скратена ротација продолживме да се бориме до крај, да дојдеме и до -8 но тоа беше сѐ. 🏀
Реваншот го играме оваа недела, мотивот е голем - сакаме да упатиме јавен апел до сите велешани и фанови на спортот да ни дадат поддршка, имаме шанса да изедначиме на 1:1 и да ја продолжиме серијата!
Сподели